Куќата на Диор е отворена во 1946 во Париз. Меѓутоа сегашната корпорација Диор како година на отварање ја прославува 1947 Компанијата Диор ја финансирал бизнисменот Марсел Бусак.Новата куќа за висока мода станала дел од текстилниот бизнис со кој Бусак веќе управувал. Капиталот бил 6 милиони и броел 80 вработени. И покрај репутацијата на Бусак, „дека држи се под контрола“ Кристијан Диор имал тогаш невообичаено голем удел во неговата истоимената марка (правно управување,неконтролирани акции во фирмата и една третина од профитот пред оданочување). Креативноста на г-дин Диор исто така му овозможила и убава плата.Информациите кои се достапни за основањето на парфемите Кристијан Диор се контрадикторни. Сите тврдења се за периодот помеѓу 1947 и 1948. Компанијата Диор запишала дека основањето на парфемите Диор било во 1947, со промоцијата на првиот парфем Miss Dior. Диор направил револуција во индустријата со парфеми со лансирањето на многу популарниот парфем Miss Dior, именуван по Кетрин Диор, сестрата на Кристијан Диор.
Компанијата Диор поседувла 25%, менаџерот на парфемите Коти поседувал 35% а Бусак поседувал 40% од бизнисто со парфеми. Пјер Карден бил на чело на Диор од 1947 до 1950. Во 1948 во Њујорк била создадена посебната филијала за парфемите. Диор во 1949 исто така Њујорк, на аголот на 5тата Авенија, ја отворил и својата луксузна конфекциска куќа. Во 1949 лансиран е парфемот Diorama, а до 1949, The New Look сама остварила профит од 12,7 милиони.
Comments
Post a Comment